Настани

Благослов на Свети Георгиј од братска Бугарија

Светиот и славен Великомаченик Георгиј Победоносец, кој секогаш ги радува и успокојува со добрини и чудеса оние што со љубов му се молат, денес приреди една нова голема радост за сестрите што ревносно му служат во неговиот Манастир во Рајчица. Станува збор за една преубава икона со ликот на Светиот Великомаченик, изработена во сребрен опков…

Поклонение во Гората на Светиите

Гората која малку ја запознавме ама многу ја возљубивме... Митр. Арголидски Нектариј Постои на светот една земја, или, подобро кажано, едно парче небо на земјата, навистина, по површина не толку големо, но по содржина и дух преголемо. Во таа небесна земја службен јазик е тишината – молитвениот разговор на душата со Бога. Светата Гора Атонска...                        …

Канонизација на светиот епископ Велички Гаврил Светогорец

На 28. 05. 2017 година, Недела 7 на Воскресението на Светите Отци, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизација на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип,…

Пречистански послушанија…

Загрнат од чистите природни красоти, сотворени непосредно од раката на Творецот, Манастирот на Богомајката Пречиста крај Кичево го продолжува вековниот молитвен шепот и славословие кон Него. Во манастирот, новото монашко сестринство, благословено од нашиот монахољубив Митрополит г. Тимотеј и духовно родено и израснато од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, со апостолска ревност го продолжува делото што…

Осветување на обновениот парохиски дом во Дебар

Деновиве во Дебар, на голема радост за христијаните, беше осветен стариот и сега реконструиран парохиски дом во градот Дебар. Оваа куќа којашто сега заблеска со нов сјај е обновена со средства на Дебарско-кичевската епархија, и сега е дом во кој заедно со своето семејство живее благочестивиот свештеник Миле Ангелоски. Пред чинот на осветувањето надлежниот Митрополит…

Нов велелепен крст за Пречистанскиот храм

Во пролетните денови на Преполовението, среде сѐ уште присутната силна пасхална радост, блесна посилно од сонцето новиот раскошен руски крст што со својата импозантна големина и убавина го закити Пречистанскиот храм, откако претходно беше осветен од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Ова прекрасно изработено знамение на Христовата победа, издигнувајќи се високо на небото, им донесе голема радост…