Богослужби

Слегување на Светиот Дух – Педесетница

легувањето на Светиот Дух на денот Педесетница во вид на огнени јазици, со шум на силен ветар, како што вели Св. Теофан Затворник е првиот божествен здив за човештвото. Оти пред тоа човештвото беше мртво, како она пусто поле послано со човечки коски, за кое ни зборува пророк Језекиил. Но, Духот Свет тие мртви коски…

Молитвен спомен за покојните и надгробниот епитаф на Теодосиј Пречистански

Повторно пред блесокот од слегувањето на Светиот Дух и роденденот на Мајката Црква, таа го запалува светлото на љубовта кон сите наши праотци, отци, мајки, браќа и сестри, што си заминале од овој свет, потсетувајќи нè дека сите ние, живите и покојните, едно цело сме, една заедница во Христа, Победителот на смртта. Затоа и ни…

Вознесение Господово

  Сите луѓе, песна победничка да Му запееме на Христа, Кој се вознесе во слава на плеќите херувимски, за да нѐ стави нас со Себе од десната страна на Отецот, зашто се прослави. Од Канонот на Вознесение Вознесението на Спасителот е јавување на Неговата Божествена слава. Он пребиваше со Бога Отецот како Син Божји, сега…

Првата Литургија во Бигорскиот скит на Светите Кирил и Методиј во с. Битуше

ако што сонцето кога пристигнува кон својот запад, пред самото затскривање зад хоризонтот, уште еднаш полновласно ги испушта своите моќни зраци, сакајќи да нè потсети дека повторно ќе блесне следниот ден, така и светлозрачното пасхално торжество, на денот на одданието на Воскресението Христово, заблеска во полнота со својата благодатна светлина, оставајќи јасен светлопис во нашите…

Војската на Победоносецот со величествена Литија ја освои Струга

лавниот Христов воин, пофалбата на мачениците, украсот на Црквата, заштитникот на државата, Светиот Великомаченик Георгиј и оваа година, ден после неговиот годишен светлозарен спомен, ја благослови убавата Струга и целата наша Татковина. После соборните молитви упатени кон Бога и Неговиот преславен страдалник, на ктиторската вечерна богослужба во храмот на Светиот, величествената Еордија го започна својот…

Литургиско чествување на Свети Георгиј

Покажувајќи храброст во одбрана на верата, маченику, ја собори прелеста на безбожноста, ги порази нападите на врагот и, горејќи секогаш од љубов кон Бога угаси свирепоста безбожна. Затоа, како достојна награда за маките, си примил венец и им даваш исцеленија на оние што ти приоѓаат со вера. Срадалецу Георгие, моли Го Христа Бога, да им…